четвртак, 22. новембар 2012.

ЦРВЕНКАПА И МРЗЛИВИОТ ВОЛК; на македонски превела: Милена Митковска




Саво Шкобић:
ЦРВЕНКАПА И МРЗЛИВИОТ ВОЛК

Ликови:  Црвенкапа, Волк , Ловец , Баба, Џуџе, Палавко, Снежана, Дедо Мраз

ПОЈАВА 1  (Црвенкапа)
Црвенакапа излегува полека , уплашено оди низ шумичката и си пее:
   ,, Кој се плаши  од волкот лош, три за грош, три за грош.
    Не се плашам од волкот лош тра ла ла. Тра ла ла.,,
ЦРВЕНКАПА: Здраво дечиња како сте? Благодарам на прашањето и јас сум добра.           Само малкууууу , малку ми е страв. Знаете кај кого одам? (Децата даваат одговор). Кај кого? А знаете ли Вие од кого се плашам во оваа страшна шума? Од кого? Да од волкот се разбира, па кој не би се плашел од волк.Сигурна сум дека сите имаат страв од волк, АМА СИТЕ, сите деца од целиот свет се плашат од волкот. Така ли е?

ПОЈАВА 2 (Црвенкапа и  Волкот)
Црвенакапа продолжува да се шета, полека низ шумичката и си пее:
    ,,Кој се плаши од волкот лош, три за грош, три за грош.
    Не се плашам од волкот лош  тра ла ла, тра ла ла.,,
(Излегува волкот полека и  поспано)
ЦРВЕНКАПА: Ауу знаев тоа е Волкот, тоа  е Волкот, и секогаш исто , штом ће тргнам накај мојата баба која е болна да и носам колачи и  цвеће, тој ми излегува на пат. Сега сигурно ће ме изеде, леле како ме гледа.
ВОЛКОТ: (мрзеливо) Е, баш несакам да те изедам. Несум гладен, а некако и денеска           сум ептен мрзелив. Ајде, продолжи си по патот. Сега ке си дремнам на оваа убаво и топло сонце. Ајде што ме гледаш, продолжи си по патот.
ЦРВЕНКАПА: Навистина?
ВОЛКОТ: Да.
ЦРВЕНКАПА: Па зарем ти сега нема да ме прашаш како во приказната : Што носам во корпата, на кого му носам, каде живее мојата болна баба...???
ВОЛКОТ: Нема и несакам да те прашам.
ЦРВЕНКАПА: Не сакаш?
ВОЛКОТ: Не дека несакам, туку НЕЕЕЕСАААКААААМ (погласно вика). Разбираш           Македонски?
ЦРВЕНКАПА: Па.... ова... и разбирам и  не разбирам.
ВОЛКОТ: Дали ти малечка се шегуваш со мене.
ЦРВЕНКАПА: Да, малку само. (се смее)
ВОЛКОТ: Е па добро, ама  немој веће да се шегуваш ниту малку.
ЦРВЕНКАПА: Па јас добро знам македонски ама незнам зошто несакаш да ме прашаш како што оној волк ја прашува Црвенкапа во онаа приказна?
ВОЛКОТ: Затоа што малечка тоа е онаа приказна а ова е оваа  приказна. Тука сега ке помине Дедо Мраз  на децата да им подели подароци. Зарем мислиш дека и на мене ће ми дадеподарок ако те изедам тебе или твојата баба? Серазбира дека нема да ми даде подарок.
ЦРВЕНКАПА: Па ти не си  дете!!!!!!!!!!! Ти си оној стар волк и зошто дедо Мраз на тебе да ти даде подарок?!
ВОЛКОТ: Затоа што е стар и кога ке ме види со цуцла ке мисли дека сум дете и ће ми даде подарок. А сега те молам тргни се и  не ми го сокривај топлиот зрак одсонцето  што ме грее.
ЦРВЕНКАПА: Е несакам!! И мене ме грее.
ВОЛКОТ: Ама тој зрак е мој, јас прв го видов.
ЦРВЕНКАПА: Добро, ајде помести се, ене онаму уште еден зрак.
ВОЛКОТ:  А како да се поместам  кога ме мрази? Денеска ништо не ми се работи.
ЦРВЕНКАПА: Ајде помсти  ги твоите валкани нозе да поминам.
ВОЛКОТ: Неможам да се поместам! Ако сакаш, прескокни ме, а и не се валкани ги           миев  пред 3 месеци. Всушност имам идеја, (се поместува) ајде оди и остани таму кај баба ти, па кога ће дојде Дедо Мраз јас ће дојдам таму и дветте ће ве  изедам. (песна ГЛУПАВИОТ ВОЛК)

ПОЈАВА 3 (баба и предходните)
БАБА: (Ја гушка Црвенкапа). Мило бабино дете, дали многу те исплаши овој           поранешен  волк?
ЦРВЕНКАПА: Да, бабо,целата се тресам од страв.
ВОЛКОТ (се буни) Молам, молам? Јас не дозволувам! Не сум јас никаков поранешен  волк, јас сум сеуште актуелниот господар во ова шума. Јас уште можам и да....
БАБА: Што можеш ти?
ВОЛКОТ: Можам да викнам и целата шума да се затресе.
БАБА: Ајде викни, баш би сакала да слушнам.
ВОЛКОТ (се обидува да викне ама не му оди). Не знам што ми е денеска, инаку јас           можам погласно...
БАБА: Би требало да си ги миеш забите поредовно, а не си ги миел сигурно година дена.
ЦРВЕНКАПА: Којзнае бабичке, види го само каков е.
ВОЛКОТ: Јас не дозволувам така да се зборува за мене.
БАБА: Треба да обрнеш малку внимание на хигиената.
ЦРВЕНКАПА: Да ни бидеш чист и добар.
ВОЛКОТ: (луто) Не сакам да бидам добар волк, туку страшен волк. Каде сте          слушнеле вие за добар волк?
БАБА: Јас сум слушнала дека има некој добар волк во некој циркус, знаел да свири           гитара .
ЦРВЕНКАПА: (накај децата) А што мислите вие деца, дали е подобро тој да остане страшен волк или да стане добар волк? Страшен? Добар? Ајде да гласаме. Тие  што се за да остане страшен волк, нека викаат како страшниот волк. Ајде ....Не ме уплашивте многу, но сеедно. Одиме сега, кој е за тоа да стане добар волк нека мјаучи како маче. Ајде...ако некој ве слушне ће помисли дека мачиња и волци ке добијат подароци од Дедо Мраз. Се шегувам, се разбира дека вие ће добиете подароци. Ајде сега малку да пееме, ће и  пееме на мојата бабичка бидејћи  неа само песна може да ја расположи. (на баба). Бабо која песна сакаш да ти  ја отпеат овие добри дечиња?        
ВОЛКОТ: Пејте ја онаа: ,,Збогум убава младост, добредојде старост.” Тоа е нејзин хит.   (се смее)
БАБА: Тоа е твој хит безобразен волку, немој да те удрам и да ги изброиш сите звезди на небото. Вие драги дечиња ће ми ја пеете најдрагата и највеселата песна. Може ли?
ЦРВЕНКАПА: Може драга бабичке, за тебе може се. (Пеат– Весели сме ние дечиња)

ПОЈАВА 4 (Ловецот и  предходните)
ЛОВЕЦОТ: Здраво-живо луђе мили, секогаш да сте ми весели.
БАБА: Стоп, стој, застани! Од каде тука ти ловецу?
ЛОВЕЦОТ: Како од  ,,каде” јас во шумата? Па на ловецот  местото му е во шумата, да го брка лошиот волк и да ги штити двете најубави дами на светот. Затоа јас сум тука, да бидам подготвен ако наиде волкот веднаш да го убијам.
ЦРВЕНКАПА: Волкот?
ЛОВЕЦОТ: Волкот, ами како.
БАБА: Ех, од кога е тој тука!
ЛОВЕЦОТ: Кој, волкот? (се врти околу себе, го здогледува волкот и ја вперува  пушката во н его). Рацете, ова... шепите во вис и нозете, нозете во вис! Не мрдај!
ВОЛКОТ: Зошто, што сум згрешил? Никого ниту исплашив, ниту изедов. Кога сакав да ги      исплашам , тие ми се смееа.
БАБА: А, кој не би ти сесмеел, кога си толку смотан? Кој?
ВОЛКОТ: Ете ловецу, гледаш и сега јас треба на тебе да ти се предадам. Па тоа е толку смешно, ми доађам самиот да се скокотнам па слатко да се изнасмеам.
ЛОВЕЦОТ: Рацете, мислам, шепите во вис  кога ти зборувам.
БАБА: Добро ловецу, пушти го. Не етој виновен што е стар и безопасен.
ЛОВЕЦОТ: Таквите се најопасни кога ви велам.
ЦРВЕНКАПА: Па немојте да сте толку строг  чичко ловецу, сепак тоа есамо стар и           мрзелив волк. Еве прашајте ги децата (ги прашува децата). Деца, кажете дали ова е        страшен или не е страшен волк?
ВОЛКОТ: Секако дека сум страшен волк. Нели деца? Но денеска сум особено добар,           можеби затоа што ће дојде Дедо Мраз, но утре јас пак ће бидам стариот и сите ће веизедам. (музика–ВОЛЧКО СИВ)
                            
ПОЈАВА 5 (Џуџето и предходните)
ЏУЏЕ: (на бабата) О, некогаш убава девојко, поранешна росо со најубавка насмевка,           тајна звездо на синото небо, здраво.
БАБА: О, убави зборови млад господине. Со кого имам чест да зборувам?
ЏУЏЕ: (на Црвенкапа) О, најубава ћерко на ветровите, мирис на планинските           височини, кралице на сите мориња и  океани,здраво. (на ловецот). О, непобедлив витезу небески, заштитник на овие убави дами, здраво.
ЛОВЕЦОТ: Ти благодарам на убавите зборови, мало човече. Со кого имам чест да           разговарам?
ЏУЏЕ: Секако дека ће ви се представам, драги пријатели.  Јас сум Палавко, еден од           седумтте Џуџиња. А од каде јас во Вашата бајка, не ми е јасно, и немам одговор на твоето прашање. Бидејћи сум палав, веројатно нешто сум згрешил во својата приказна, па затоа сум тука.
ВОЛК: Па тогаш зошто не замина во некоја друга бајка, туку дојде баш во мојата да         ми одиш на нервите.
ЦРВЕНКАПА: А како сега ће се вратиш во својата приказна џуџенце?
ЏУЏЕ: Не знам.
ЦРВЕНКАПА: А што мислиш? Можеби децата би можеле да ти помогнат?
ЏУЏЕ: Како?
ЦРВЕНКАПА: Лесно, еве вака. Децата и сите ние тука заедно можеме да ја повикаме           твојата Снежана. Кога таа ће дојде по тебе сигурно ће знае да те врати.
ЏУЏЕ: Дали децата ћесакаат да ми помогнат? Дечиња ве молам да ми помогнете да се вратам во својата кућа. Како вие што си ја сакате вашата кућа, така и јас си    ја сакам својата.
ЦРВЕНКАПА: Ајде, дечиња сите заедно да ја повикаме Снежана. Знаете, тоа еонаа           Снежана од приказната Снежана и 7– те џуџиња. Ја знаете ли таа приказна? Ајде сите!!!!! СНЕЖАНААААААААААААА(музика-Снежана)

ПОЈАВА 6 (Снежана И предходните)
СНЕЖАНА: Добар ден, сте ме повикале.
ЏУЏЕ: (трча на кај Снежана и ја г ушка) Јас ги замолив да те повикаат. Оваа слатко           девојче и овие добри луђе ми помогнаа и сега си тука, во нивната приказна, Снежано моја мила.
СНЕЖАНА: А од каде ти тука Палавко  мој мал? Не знаеш? Да ги прашаме децата   (на кај децата) Дечиња мили, од каде дојде моето џуџе тука? Се изгубил? А вие  дечиња дали некогаш сте се изгубиле и  не сте знаеле да се вратите дома? Не? Сигурно дека не? Вие не сте палави  како моево џуџе?
БАБА: Ајде сега ова сите убаво да го прославиме.
ЦРВЕНКАПА: Ће пееме ли ?
СИТЕ: ДА, ЋЕ ПЕЕМЕ!
ЦРВЕНКАПА: Е се сетив. Можеби Дедо Мраз и не знае дека тука го чекаме. Ајде сите заедно да го повикаме со песна. (песна за Дедо Мраз)

ПОЈАВА 7 (Дедо Мраз)
ДЕДО МРАЗ: Драги дечиња, Ви доађам од далек пат, затоа што тоа сте го заслужиле. Би сакал да кажам, нека ви е стрећно и  весело детството и уживајте во н его. Бидете добри како што сте убави и  вредни, бидете паметни, па јас ће дојдам и следната година. А сега, ајде да ги поделиме овие подароци. (музика–Дедо Мраз и Новата Година).

Са српског превела: Милена Митковска

Нема коментара:

Постави коментар